Линијата достапна 24 часа: За што бараат совет Македонците на „Ало Докторе"

За една недела 1.316 граѓани побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“. Од кога започна со работа телефонската линија 02/15 123 до сега остварени се вкупно 59.616 повици.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет, а сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината и проблеми со покачен крвен притисок.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. 

 
 
02.11.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега