Скопјанец итно пренесен на Ургентен - 20 сообраќајки викендов

Викендов повторно голем број сообраќајки во Скопје. Во текот на изминатите три дена извршен е увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди од кои во петокот се случиле девет, во кои тројца возачи на патничко возило и сопатник се здобиле со повреди. Исто така, во саботата сообраќајната полиција извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 12 часот и 30 минути на булеварот „Св. Климент Охридски“ на влез – излез од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Се судриле „опел“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и 83-годишен пешак од Скопје кој веднаш бил пренесен на Ургентен.

Во текот на вчерашниот ден, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, шест сопатници и еден возач на мопед.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 
 
02.11.2015 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега