Иванов на аудиенција кај папата Франциск

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, во рамки на посетата на Државата Ватикан и на Италијанската Република, денеска ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост папата Франциск, и ќе оствари средба со Државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Сопругата на претседателот Маја Иванова ќе ја посети детската болница „Бамбино Џезу“ која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.

При посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела. 

 
 
31.10.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега