На Косово се кршат правата на Србите - северот да се остави на Србија
Комитетот за надворешни работи на Конгресот на САД одржа дебата на која ги изнесе различните гледишта во врска со ситуацијата на Србите во Косово, пти што претставникот на Стејт департменот Џонатан Мур, мораше детално да ги образложи своите ставови на администрацијата.
На двочасовната седница чин назив бил Косово и Србија: патот кон мирот, претставени се ставови на членовите на Комитетот, Стејт департменот, како и претставници на проалбанските невладини организации, додека српските ставови ги предочил аналитичарот од Вашингтон Обрад Кесиќ. Посебно остри и темелни беа поставени прашања од страна на претседавачите на одборот на републиканскиот конгресмен од Калифорнија Дејн Рорабакер и неговиот колега од Тексас Тед По.
Тие побарале од Мур прецизно образложување на сите ставови на администрацијата, како и следните потези кои оваа институција ќе ги превземе во врска со прашањата за Србија и Косово. Го прашале за договорот во Брисел и за точката во која се потенцира дека косовските безбедносни сили не смеат да влезат во северот на Косово. Тед По дополнил дека ваквата ситиација пред се е поради кршењето на правата на Србите на Косово, како и големите штети кои што ги прават косоварите со уништување на српскиот имот и цркви во тој регион.