МВР воздушно ја набљудува границата со Албанија

Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска попладнево изврши воздушно набљудување на граничната линија меѓу Македонија и Албанија, во регионот на Дебар, пренесе МИА.

- Еднаш месечно македонското Министертво за внатрешни работи врши воздушна контрола на граничната линија, овој пат тоа беше на македонско-албанската граница, кај Дебар, потврди Џелал Љара началник на Центарот за контрола на границата – Запад, со седиште во Охрид.

Оваа активност беше реалзирана со полициски хеликоптер. Според Љара, било констатирано дека на граничната линија нема проблеми.

 
 
29.10.2015 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега