Акција на КТИС во Куманово: Одземени комјутери, чанти и тренерки

Координативното тело за заштита на интелектуалната сопстсвеност денеска во Куманово спроведе контрола кај правни и физички лица за почитување на авторските права и права од интелектуална сопственост. Контролирани се три кабелски телевизии, каде инспекторите не пронашле неправилности, што според претседателот на оваа тело Мите Костов, покажува дека се почитуваат законските прописи, пренесе МИА.

- Исконтролиравме уште три објекти и во тие правни субјекти беа одземени 35 комјутери без лиценциран софтвер. Од страна на МВР ќе бидат поднесени кривични пријави и од УЈП и Државен Пазарен Инспекторат ќе бидат преземни соодветни законски мерки, изјави Костов.

Глобите за непочитување на овие права се движат до 10.000 евра, подвлече Костов.

Денешната акција беше спроведена и во два бутика во центарот на Куманово, каде е утврдена повреда на индустриската сопственост за познати трговски брендови.

- Во два бутика одземени се неколку чанти од брендовите „Мајкл Корс“ и од страна на иснпекторите од ДПИ и од МВР ќе бидат поднесени кривични пријави, а Пазарниот инспекторат ќе постапи согласно законот, рече  Костов.

Во акцијата биле контролирани се и неколку тезги на Зелениот пазар во Куманово.

- Одземени се тренерки „Најк“, „Адидас“ и „Пума“,а дел од тезгите работеле исправно, додаде Костов.

Од Координативното тело најавија дека ќе продолжат со оперативниот план за сузбивање на пиратеријата, криминалот и други девијации во економскиот систем, без селективен пристап, на подрачје на целата држава,со контроли на правните субјекти.

- Акциите имаат цел да се дејствува и превентивно, а не само репресивно, потенцира Костов.

 
 
29.10.2015 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега