НБРМ објави едукативна брошура „Купување дом со станбен кредит“

Едукативна брошура „Купување дом со станбен кредит“ објави Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа, пренесе МИА.

Според гувернерот на НБРМ Димитар Богов, информациите во брошурата треба да им помогнат на граѓаните при одлучување  за земање кредит и на кои елементи да обратат внимание. - Каде е битно да се  задлабочат,  да не пропуштат нешто,  каде има некои потенцијални ризици и каде има некои  скриени трошоци.  Секако тоа не е  лесна задача  ниту за оние коишто  имаат економско, финансиско образование, а уште потешка задача е за  граѓани коишто немаат  такво образование односно се специјализирани во некоја друга  струка, рече денеска на промоцијата на брошурата гувернерот Богов.

Износот на нефункционалните кредити кај станбените кредити е на најниско ниво од сите останати кредити,  така што, според Богов, тоа не е главна водилка  во издавање на брошурата. 

- Во последните две години бројот  и износот на станбени кредити  се зголемува, стапките на раст се  доста високи и сметаме дека граѓаните треба да бидат свесни за  ризиците. Секогаш има простор  за подобрување на информираноста, изјави Богов.

Примероци од брошурата ќе бидат доставени во експозитурите на сите деловни банки од каде ќе им бидат достапни на граѓаните.

 
 
29.10.2015 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега