Владата на Јапонија обезбеди грант од 500.000 долари за Македонија и Србија за мигрантите

Владата на Јапонија донесе одлука да обезбеди неповратна помош за Македонија и Србија во вредност од 500.000 долари за справување со кризата со мигрантите, соопшти денеска канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) преку која ќе биде спроведена итната помош, пренесе МИА.

Проектот, според соопштението, има  цел да ги поддржи постојните напори на владите на Македонија и на Србија да ги адресираат најитните потреби и приоритети за адресирање на тековната миграциска состојба во овие земји.

-Проектните активности вклучуваат развој на информативни материјали, обуки, подршка на социјалните служби при транспорт на ранливите категории на мигранти, како и подобрување на условите за прифат на бегалците и мигрантите, се вели во соопштението.

 
 
29.10.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега