Викенд временска прогноза: Што не очекува деновиве?

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од променлив правец. По одделни котлини, ќе има појава на утринска слаба магла и ниска облачност. Минималните температури ќе се движат од -1 до 8, а максималните од 14 до 19 степени.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба магла претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе изнесува 5, а максималната 18 степени.

Во наредните денови следува подолг период на стабилно и суво време. Утринските температури во следните денови ќе опаѓаат и на места ќе се спуштат под нулата. До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност.

 
 
29.10.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега