СДСМ сместена во простории на Образование

Студентски дом ќе никне на местото на седиштето на СДСМ во Скопје - тоа е барем барањето на пратеникот Илија Димовски кој денес во Собранието на Република Македонија им го соопшти на пратениците на СДСМ. Ова барање Димовски го упати откако премиерот Никола Груевски го раскажа историјатот на централниот штаб на СДСМ според кој објектот на „Бихаќка“ бил објект на Министерството за образование изграден со народни пари пред Сојузот на комунисти да го добие гратис од тогашната држава. Пратеникот Димовски вети дека веднаш откако СДСМ ќе го отстапи објектот на Министерството за образование, истиот веднаш ќе биде адаптиран во студентски дом во кој ќе живеат студенти во меѓувреме додека се изгради новиот најавен студентски. Дополнително Илија Димовски од СДСМ побара и да ја платат киријата која Министерството за образование ја плаќало во период од 20 години во кои било сместено во туѓи простории, бидејќи нивните биле одземени од државата раководена од Сојузот на комунисти и ги доделила на - Сојузот на комунисти.

 
 
29.10.2015 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега