Бебе од 20 дена живее во штипската болница бидејќи бабата ги избркала родителите на улица!

Бебе старо 20 дена се наоѓа на Педијатрија во штипската Клиничка болница, бидејќи неговите родители останале без дом, тврди таткото Дејан Велков. Причината зошто се решил на ваков чекор е агресивноста на мајката на неговата сопруга, која по вчерашната кратка, но жестока расправија брутално физички се пресметала со нив и ги избркала на улица, објави Канал 5.

- И сега нема каде да одиме. Нашето дете е хоспитализирано. Значи ден, два , три во болница, се додека мојата сопруга не закрепне, изјави загрижениот сопруг,  Дејан Велков.

Последица од кавгата е хоспитализирање на 25 годишната Петка Златкова Велкова на хируршкото одделение во штипската Клиничка болница, откако паднала во бесознание по ударот во тилот од страна на нејзината нервозна мајка.

- Јас кога отидов во другата соба за да го оставам бебето, излегувам од собата и одам кон дневната соба, мајката на мојата сопруга, значи мојата баба, ми вели оди да си ја спасиш сопругата, а мојата сопруга лежеше на подот од дневната соба. Ја подигнав, ја потпрев на креветот, додека таа беше во бесознание, објасни Велков.

- Вчера во Клиничката болница примена е жена со телесни повреди. Прегледана е од хирург, и веднаш е сместена на одделението за Хиругија, а, по изјавата на докторот хирург, таа моментално е во добра здравствена состојба, изјави Марина Шуманска – портпарол во Клиничка болница – Штип.

Од полицијата го потврдија случајот на како што велат по пријава, поднесена од 28 годишниот Велков во кочанската полициска станица, бидејќи инцидентот се случил во семејниот дом на неговата сопруга во Кочани.

Во меѓувреме, таткото на повредената млада мајка, поднел пријава против неговиот зет.

Надлежните истражни органи работат на расчистување на случајот.

 
 
29.10.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега