Обука за советници за органско производство

Обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделството организира следниот месец Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 3-ти до 7-ми ноември, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015.

Ќе учествуваат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско производство како потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија.

Обуката се однесува на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација.

По завршување на обуката, обучените лица ќе може да понудат советодавни услуги на фармерите, сертификациските тела, кооперативите и другите корисници.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија на:  [email protected].

Од организаторите на обуката се охрабруваат невработени стручни лица, особено младите лица и жените, да аплицираат за учество на обуката со што би стекнале знаења кои би ги подобриле нивните можностите за вработување или отпочнување сопствен бизнис.

 
 
29.10.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега