Македонија меѓу 5-те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемништво

Македонија станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите во областа на претприемачко образование, кое води кон иновации и претприемништво.

Македонија е една од 5- те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемиштво која се оддржа во Џенова, Италија. Земјава станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите од оваа област, вели заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

-За нас ова е крупен исчекор и потврда за сите активности кои ги спроведувавме изминатиот период, а кои се од особено значење за наставниците, а пред се за учениците, кои на еден начин ќе го дочекаат подготвени новото време во кое најголемо значење имаат иновациите, претприемништвото и бизнисот, изјави заменик министерот Ристовски.

 
 
29.10.2015 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега