Посетата на Груевски ударно пренесена во медиумите на ОАЕ
Посетата на премиерот Никола Груевски на Обединетите Арапски Емирати и неговите средби беа ударно пренесени во емиратските медиуми, и во весниците и на телевизиите во заливската држава.
Високотиражните и влијателни емиратски весници Al Bayan и Al Khaleej, известуваат за средбата на македонскиот и емиратскиот премиер ударно на цела страница со богата илустрација од фотографии.
Emarat Al Youm и Bussines Gulf News, кој се печати на англиски јазик и е особено влијателен во емиратската бизнис заедница, го потенцираат потпишаниот договор за избегнуваее на двојното оданочуваее како основа за продлабочуваее на економската соработка.
Емиратските медиуми даваат позитивна оценка за посетата и за средбите на владината делегација притоа истакнувајќи дека двете земји разговарале за унапредување на односите, особено во делот на економската соработка, информатиката, земјоделството, енергетиката и туризмот, како и за соработката на полето на инвестициите.
а посетата и за средбите, во ударните термини известуваа и националната емиратска и другите телевизии во Дубаи и Абу Даби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа