Формирање Клуб Македонија 2025 во Франција - дипломатскиот кор го дегустира македонското вино

На иницијатива на Инвест Македонија и некои припадници oд македонската дијаспора во Париз, во просториите на Амбасадата на Република Македонија во француската престолнина се одржа состанок за формирање на Клуб Македонија 2025 – Франција, француски огранок на Македонија 2025.

На состанокот, како што информира дописникот на МИА, беа присутни 12 членови од македонската дијаспора во Франција и Швајцарија, кои со сопствени идеи и иницијативи се заинтерсирани да помогнат во развивањето на економската соработа меѓу компаниите од земјите во кои живеат со Македонија. Претставниците на Клубот Македонија 2025 – Франција, ќе учествуваат и на состанокот на Македонија 2025, кој ќе биде организиран од 18. до 20 ноември годинава во Скопје.

Паралелно со основањето на клубот во просториите на Амбасадата се одржа и изложба на академската сликарка Мирјана Масети, која е на престој во Уметничкиот град во Париз, во рамките на програмата на Министерството за култура на Република Македонија. Изложбата ќе трае до крајот на номеври годинава.

Во просториите на Меѓународната организација за лозарство и вино во Париз, во присуство на претседателот на оваа организација Жан-Мари Оран, претставникот на ВОМ Свето Јаневски, министерот советник од амбасадата на република Македонија Габриел Атанасов и Игор Иванов од Инвест Македонија, беше одржаа прес-конференција на која присисутвуваа повеќе новинари од Франција, специјализиарни за вина и дегустација на македонските вина.

Во присуство на претставници на Тиквеш, Стоби, Камник, Попов, и Бовин на дегустацијата присуствуваа, стотина претставници на дипломатскиот кор, како и од здруженија на енолози.

- Вината од Македонија се од висок квалитет и имаат добри шанси да се позициираат на францускиот пазар, исткана Жан-Мари Оран по дегустацијата.

За време на настанот, беа остварени и контакти со претставници на дистрибутивни мрежи во Франција, со што се зголемуваат шасните за пласирање на македонското вино на избирливиот француски пазар.

 
 
28.10.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега