ВИДЕО: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ доби нов мебел

Деновиве пристигна нов мебел за Студентскиот дом „Гоце Делчев“  и веќе се монтира во просториите. Студентите ќе добијат нови шкафчиња, полици, кревети, а собите се опремени и со мини кујни, пишува порталот Нетпрес.

Во секоја соба, студентите ќе располагаат со сопствен шпорет, мијалник за садови и фрижидер.

Собите се опремени со противпожарен безбедносен систем, целосно се  реконструирани санитарните јазли, поставено е ново осветлување, а студентите ќе имаат пристап и до бесплатен безжичен интернет.

Во овој студентски дом, парцијално како што ќе биде реализирана градежната активност блок по блок така ќе бидат менувани и лифтовите. Во блокот „Б“ којшто е целосно реконструиран оставен е едниот стар лифт за да се изврши транспортот на мебел, а потоа и тој ќе биде заменет. Покрај ова, според најавите, во наредните денови МОН ќе распише тендер за набавка на нови лифтови за сите студентски домови во земјата.

Според најавите, деновиве ќе почне етапното префрлање на студентите од блокот А во комплетно реконстуираниот блок Б, по што ќе се почне со реконструкција на блокот А. Паралелно во фаза на подготовка  е и проектната документација за останатите два блока, блоковите „В“ и „Г“ и за мензата.  Се очекува реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во целост да заврши до крајот на оваа или на почетокот на следната година.

ВИДЕО: Netpres.com.mk

 
 
28.10.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега