Квалитетни понуди за вработување за младите од Радовиш

Голем интерес на Саемот за вработување, кој минатата недела се оддржа во Кочани, пројавија голем број на граѓани поточно кон одредени работодавачи од дрвната, текстилната и машинската индустрија, а со поголем фокус и интерес и за техничките кадри.

Денес на петтиот Саем за вработување во Радовиш, се претставија триесетина компании од радовишкиот, струмичкиот и штипскиот регион, како Интерпласт, Штиптекс и Еуропетрол.

На саемот присутни беа директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов и градоначалникот на Конче, Благој Јованов.

„Радовиш има голем број на потенцијални квалитетни кадри кои се совршена можност за работодавачите да го зголемат капацитетот и квалитетот на својот работен систем и квалитет на услуги и изработени производи. Овие саеми се прилика не само за големите компании туку и за малите претпријатија да ја зголемат  својата улога во подобрувањето на економијата, во склоп на која неминовен дел е обезбедувањето на едуциран работен персонал преку мерка на вработување, кој ги исполнува очекувањата за ветениот квалитет кој брендовите го нудат кај крајните потрошувачи,“ изјави Поповски.

Граѓаните позитивно гледаат на овие саеми за вработување и на опцијата преку оваа мерка и на градот Радовиш да му се понуди шанса за нови вработувања.

„Радовиш има талентирана младина, кои со малку помош и понудена можност за подобрување на својата  финансиска ситуација преку ново вработување, во многу сфери можат да ја достигнат па дури и надминат успешноста на многу други, како кариерата на познатата македонска оперска дива, Милка Ефтимова која е токму од Радовиш.”, изјави Неда Т., студент по економија која е во последната година од своето основно факултетско образование.

Жителите на Радовиш и околината, саемот го гледаат како можност да се зголеми шансата за поолеснително пронаоѓање на ново вработување, посебно за младите, кои како резултат ќе ги подобрат своите кариери во многу индустрии.

Следниот 6-ти саем за вработување од овој караван ќе се одржи во Гостивар на 4. ноември.

 
 
28.10.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега