Пожар во тетовско: Направена голема штета

Материјална штета од околу 150 илјади денари претрпел З.Д.(32) од тетовското село Вејце откако најверојатно поради човечко невнимание вчера околу 15 часот избувнал пожар во неговиот помошен објект што бил користен како магацин во селото, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Опожарен бил дел од покривот на објектот, како и 50 дрвени греди долги по 10 метри, близу стотина метри најлон, 500 килограми пченица, исто толкава количина јачмен и 600 килограми компир.

Во пожарот нема повредени лица или добиток, а вкупната материјална штета  според сопственикот  се проценува на 150 илјади денари. Полицијата  извршила увид и работи на  утврдување на причината и се друго поврзано со пожарот.

 
 
28.10.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега