Полициска акција: Паднаа неколку прилепски бизнисмени

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ц.(45) поради постоење основи на сомнение за сторени кривини дела „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, како и против правното лице ДППТУ „Теа Флора Евент“-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама за добивање на кредит или друга погодност“. На 15.10.2014 година, истиот склучил договор за добивање неповратни средства од Програмата за самовработување помеѓу Агенцијата за вработување и правното лице „Теа Флора Евент“ во која е управител во износ од 185.000 денари за набавка на опрема или материјали. Со подигањето на овие средства истиот се обврзал да ги користи наменски согласно бизнис планот, и да обезбедува копии од фактурите и испратниците со кои ги набавувал потребните материјали со тие средства, што истото не го сторил. Понатаму, во текот на 2014 година, правниот субјект склучил договор за дополнително вработување на невработено лице за што подигнал средства во висина од 92.000 денари од АВРМ за што поднел пријава за задолжително социјално осигурување на лицето кое и покрај тоа не било повикано да склучи договор за вработување ниту да отпочне со работа, со што го изгубило правото во рок од 12 месеци да користи средства од Агенцијата, а не можело да користи ни здравствено осигурување.

Полицијата во Прилеп во друг случај поднесе кривична пријава и против К.Н.(39) и Г.А. (45) двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „даночно затајување“, „оштетување или повластување на доверители“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавените како основачи и управители на правното лице „2006 Ида плус“ ДООЕЛ Прилеп, го убедиле Н.Ј. од Прилеп да му ја отстапат фирмата без надомест и да му овозможат бесплатно користење на угостителски услуги во нивниот деловен објект ресторан „Гурман“. Исто така го убедиле Н.Ј. дека фирмата е без обврски и целокупната документација околу преносот на фирмата е изготвена од страна на стручно лице од агенцијата „Бреза“ ДООЕЛ Прилеп ,при што го навеле да потпише договор за пренос на удел и друга пропратна документација, со што Н.Ј. формално се стекнал со удели во правното лице односно сопственик и управител, како и должник на обврските кон УЈП во вкупен износ од 670.639 денари.

 
 
27.10.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега