Разбојник провалил во куќа во битолско

Разбојник провалил во куќа, вчера во населбата Горно Оризари-битолско, од каде одзел ловна пушка.

Сторителот влегол во помошната просторија во куќа, сопственост на Б.Т.(49) и извршил кражба при што одзел ловна пушка „Бенели“ калибар 12 мм, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 60.000 денари.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
27.10.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега