Нетпрес: Дали Ванхоуте прераснува во вистински идол во СДСМ?
Со активностите кој што ги превзема во последниот период Питер Ванхоуте порталот Нетпрес прашува дали тој станува вистински идол кај членството на опозицискиот СДСМ.
Извори кои потекнуваат од партискиот штаб на опозцијата на Бихачка говорат дека популарноста која тој ја направил меѓу тамошното членство пораснала, па дури некои говорат дека и ја надминала, онаа која ја уживаше па и сеуште ја ужива човекот за кој многумина сметаат дека ги влече конците во оваа партија, поранешниот лидер Бранко Црвенковски, пренесува Нетпрес.
Со неговата набиена агенда и активности во Македонија, Ванхоуте сепак најде и време и простор меѓу младите социјалдемократи, кои патем и покажуваат голем интерес за него, пишува Нетпрес.
Останува отворено прашањето дали тоа е така поради неговата дневница од 900 евра, или пак, поради неговиот изглед?
Ванхоуте чест може да се забележи како гостин во познатите скопски кафулиња, а порталот Нетпрес од свои извори дојде и до фотографија.
Покрај него познатото во познатото скопско кафуле се дружеа и сликаа членови на СДСМ од понежниот пол, и тоа на пауза од нивни партиски семинар.
Првата од десно е Стефанија Митевска, член на СДСМ од Пробиштип, која патем е и многу паретиски активна. Нејасно е само што бара преговарачот во ова друштво?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа