Порнографија преку интернет: Италијанец плаќал деца од Македонија да се соблекуваат и допираат

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.С.(35) државјанин на Италија поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“. 

Пријавениот во периодот од јануари 2013 до февруари 2014 година преку социјалните мрежи Скајп и Фејсбук во повеќе наврати злоупотребил неколку деца кои наполниле 14 години на тој начин што им понудил и преку банки со брз трансфер на пари им исплатил 4.307 евра. Како противуслуга, соопшти денеска МВР, од децата барал да се соблекуваат голи, да се допираат по телото, да се фотографираат и така направените фотографии и видео клипови да му ги испраќаат.

Од страна на полициски службеници, по наредба од Основен Суд извршен е претрес во домовите каде живеат децата при што пронајдени се предмети-компјутери и мобилни телефони преку кои е остварувана интернет комуникацијата, се одземени и дадени за вештачење во МВР на РМ

 
 
26.10.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега