Огромна паника на Бихаќка - СДСМ го чека народ
Вистинска паника владее на Бихаќка откако во партијата стана јасно дека народот нема да дозволи партијата да дојде на власт без избори.
Од утрово медиумите платени од СОРОС објавија текст од кујната на Бихаќка според кој Власта подготвувала огромен протест пред Собранието на кој ќе бидат присутни над 100.000 граѓани. Висок функционер од владејачката партија за Press24 вели дека легитимно право е порталите на СДСМ да ги пренесуваат неостварените желби на Заев преку разни лаги и манипулации и дека тоа е сосема разбирливо со оглед на тешкиот период кој ги очекува.
„Ги чека народ. Високо мотивиран патриотски народ, а не платеници. Народ кој ја сака својата земја и сака да го покаже тоа“ – вели функционерот за Press24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа