ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на СДСМ потврдува дека Заев не се сретнал со шефот на МОСАД

 

“Колку што ни е познато Зоран Заев немаше средба со шефот на Мосад, ниту таква средба била планирана”. Ова е најновата изјава на Амбасадорот на државата Израел во врска со скандалот кој го предизвика Зоран Лагата Заев.

интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Ова е вториот сериозен демант во овие три дена, после првиот во кој беше точно нагласено дека на куртоазните средби на Заев во Израел воопшто не било разговарано ниту за безбедносни, ниту за финансиски прашања.

СДСМ е во тесно. Зоран Л. Заев и’ нанесе огромен срам на Република Македонија и креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан. Лажеше.

СДСМ нема храброст да ја признае неговата неодговорност и незрелост. Нема храброст да признае дека лагите и манипулациите се неговиот основен модус операнди.

Ваквата катастрофа не заслужува несериозни партиски соопштенија. Не смее да се доведат во прашање односите меѓу Република Македонија и Израел.

Граѓаните на Македонија и на Израел мора точно да знаат за што се разговарало и со кого се сретнал Зоран Л. Заев.

Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбеносни или финансиски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа.

Дали Зоран Лагата Заев не разбрал со кого се сретнал и за што се разговарало или Зоран Лагата Заев намерно манипулирал со јавноста?

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега