Ахмети на средби со бугарскиот државен врв

 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со вицепремиерот Муса Џафери, шефот на кабинетот на претседателот Артан Груби, како и портпаролот Бујар Османи, денеска ќе престојуваат во официјална посета на Република Бугарија.

Од ДУИ информираат дека Ахмети ќе се сретне со бугарскиот премиер Пламен Василев Орешарски, и со министерот за надворешни работи Кристиан Вегенин. Ахмети исто така ќе оддржи предавање на Дипломатскиот Институт на Министерството за надворешни работи на Бугарија на тема „100 години по Балканските војни, помирување и интеграција“.

Претходно, Ахмети престојуваше во САД каде што оддржа средби во Белата куќа, Конгресот, Стејт Департмент, Пентагон како и во постојаните мисии на САД, Велика Британија и Франција при ОН, во Германија каде ги посети Министерството за надворешни работи и Владата, како и во Албанија каде се сретна со премиерот во заминување Сали Бериша, со идниот премиер Еди Рама, како и со идниот претседател на Парламентот, Илир Мета. 

ФОТО: Дневник

најчитано сега