Љупчо Пренџов: Преку регионална соработка ја пишуваме успешната приказна за Македонија
Општините, центрите за регионален развој, јавните претпријатија, универзитетите и сите академски и истражувачки институции, училиштата, детските градинки, домовите на култура, музеите, стопанските комори, бизнис кластерите, невладините организации здравствените домови, подрачните единици на министерствата и други јавни субјекти од податните региони, имаа директна можност да аплицираат за средствата од програмата за меѓугранична соработка со Бугарија, која преку минстерството за локлана самоуправа овоизможува над 20 милион евра за проекти со кои во соработка со домашни и партнери од другата страна на границата ќе успеат да ги подготват. Главен критериум е да имаат прекуграничен импакт и да ги подобрат економско- културните услови на живеење и животната средина на пограничниот регион. Заменик министерот за локална самоупрва, Љупчо Пренџов, во интервју за Прес24 ги објаснува условите и начините на кои можат да аплицираат субјеките кои се дел од пограничноот регион со Бугарија.
- Важно е да се каже дека средствата од овој повик се однесуваат на реализација на проекти од трите приоритетни оски на оваа програма: Заштита на животната средина и поддршка за приспособување кон климатските промени, спречување и управување со ризици, нешто што е најопортуно во глобални рамки.Македонија не заостанува ни чекор на тој план и навистина се обидуваме да бидеме во светските трендови. Вториот „столб“ би рекол е поттикнување на развојот на ТУРИЗМОТ, како и на културното и природното наследство.Со други зборови тоа е националниот бренд на кој мораме стратешки и долгорочно да работиме, и што е неисцрпен извор, за кој, мораме доблесно да признаеме не ни беше максимално искористен во минатото.Тоа е она по што мораме да бидеме препознатливи во светот, а кое воедно е огромен извор на приходи во националната економија. Третото упориште е работа на подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на малите и средните претпријатија, трговијата и инвестициите, вели Пренџов за Прес 24
До 2020 година, во рамките на новиот програмски повик 2014-2020 година, Министерството за локална самоуправа ќе управува со околу 100 милиони евра за финансирање на проекти за прекугранична соработка во рамките на сите пет програми.
-Програмата со Бугарија, со Албанија, со Грција и со Косово, како и транснационалната Програма Балкан – Медитеран, во која се вклучени Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. Во фаза на подготовка е и Програмата за прекугранична соработка со Србија, за која дополнително ќе се определи обемот на средства. Тоа значи дека имаме дисперзирана регионална соработка што само ги згфолемува шансите за успех и ги оправдува доделените срдства и нивната намена, вели заменик министерот за локална самоуправа, отенцирајќи го позитивното искуство и нивото на искористеност на слични средсатва од претходните проекти.
Пренџов потенцира дека локалниот развој, кој е дел од интегрираниот развој на државата изминативе неколку години добива динамика во заедничката соработка со централната власт.
-Денес, споредено со 2005 година, вкупните приходи на општините се зголемени за пет пати (во 2005 година имавме реализација на средства во апсолутен износ од 5,9 милијарди денари, во 2013 година тој број достигна 28,2 милијарди денари). Во истиот период, даночните приходи врз кои општината има автономија на наплатата се зголемени за повеќе од два пати. Учеството на локалните даноци во БДП од 1% во 2006 година е зголемено на над 1,5% во 2013 година, што е конкретен доказ за успешните политики во овој домен кои ги применува Владата на Република Македонија, вели Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа, во интервјуто за Прес24, оценувајќи го задоволството од досегашниот развој на локалната самоуправа во Македонија.
ПРЕС24: Преку министерството за локална самоуправа ќе има можност за користење на средства во висина од околу 20 милини евра како дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Што заначи овој фонд и кој се ќе може да аплицира за средствата кои во најголем дел , над 80 % се од Европската Унија?
ПРЕНЏОВ: Министерството за локална самоуправа во улога на национално тело, во име на Репубика Македонија управува со пет програми за територијална соработка од кои четири се билатерални и една транснационална. Како и многупати досега и овој пат, објавувањето на повик за проектни предлози по било која од програмите за територијална соработка отвора нови можности за сите потенцијални корисници на грантови од териториите каде што програмите и проектите најдобро може да се аплицираат и, се разбира, да ги дадат најпосакуваните ефекти.
Во моментов актуелен е јавниот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, кој ќе биде одворен до 25 јануари 2016 година. Со него, на располагање ни се ставаат значителни средства во износ од 7.250.000 евра. Средствата се обезбедени од ИПА Програмата за прекугранична соработка, финансирана од Европската Унија и во него се вклучени 15 отсто национално кофинансирање, одношно наше сопствено учество. Како поттик за потенцијалните апликанти, средствата за кофинансирање од македонска страна ги обезбедува Министерството за локална самоуправа, што само го потврдува нашиот активен и ангажиран однос во поттикнување на регионалниот развој в државата.
Важно е да се каже дека средствата од овој повик се однесуваат на реализација на проекти од трите приоритетни оски на оваа програма: Заштита на животната средина и поддршка за приспособување кон климатските промени, спречување и управување со ризици, нешто што е најопортуно во глобални рамки.Македонија не заостанува ни чекор на тој план и навистина се обидуваме да бидеме во светските трендови.
Вториот „столб“ би рекол е поттикнување на развојот на ТУРИЗМОТ, како и на културното и природното наследство.Со други зборови тоа е националниот бренд на кој мораме стратешки и долгорочно да работиме, и што е неисцрпен извор, за кој, мораме доблесно да признаеме не ни беше максимално искористен во минатото.Тоа е она по што мораме да бидеме препознатливи во светот, а кое воедно е огромен извор на приходи во националната економија.
Третото упориште е работа на подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на малите и средните претпријатија, трговијата и инвестициите. Во свеските економски текови, посебно во неолобералната економија, се покажа дека овој сектор е најфлексибилен и најповолен за напредок на мали економии како што е нашата. Ние како Министерство тоа одамна го имаме апсолвирано и токму затоа е и дел од севкупната владина програма.
Бидејќи реков дека станува збор за значителни средства, редно е да појасниме и кој се со сопствени проекти можеа да аплицира на нив. Тоа се единиците на локалната самоуправа (општини), центрите за регионален развој, јавните претпријатија, универзитетите и другите академски и истражувачки институции, средните и основните училишта, детските градинки, домовите на култура, музеите, стопанските комори, бизнис кластерите, невладините организации и други здруженија на граѓани, здравствените домови, болниците, подрачните единици на министерствата и други јавни субјекти од податните региони, кои во соработка со домашни и партнери од другата страна на границата ќе успеат да подготват проект, кој освен општите правила и критериуми го исполнуваат и мошне специфичниот критериум, да имаат прекуграничен импакт и да ги подобрат економско- културните услови на живеење и животната средина на пограничниот регион.
ПРЕС24: Какви се анализите од досегашното искуство од вакви проекти?
ПРЕНЏОВ: Искуствата се позитивини, имајќи го предвид фактот дека во првиот програмски периот 2007-2014 година, сите учесници во процесот од државни институции, општини, па се до невладините организации поминаа низ процес на учење. Тој период беше подеднакво важен бидејќи овозможува во вториот програмски период да се реализираат максимум од расположливите средства. Нашиот таргет е искористеност на средствата од над 95 насто. За илустрација, би кажал дека во претходниот програмски период потпишани се договори за реализација на вкупно 223 проекти во вредност од 53.292.069 евра. Или, ако сакате, да одиме со поединечни искуства можам да илустрираме дека во рамки на програмата за прекугранична соработка со Албанија имаме 50 проекти од кои 45 се завршени, а пет се во завршна фаза што претставува висок процент на реализација. Во рамки на програмата за прекугранична соработка со Грција имаме вкупно 49 проекти, од кои 38 се завршени, осум се во фаза на имплемнетација, а три се во фаза на контрактирање.
Најмногубројни се оние кои се во рамки на програмата за прекугранична соработка со Бугарија, каде што имаме 100 проекти од кои 12 се во завршна фаза. Во рамки пак на програмата за прекугранична соработка со Косово имаме шест проекти и сите шест се во фаза на реализација.
Подеднаков успех бележиме во рамки на транснационалната програма за соработка на земјите од Југоисточна Европа, каде се финансирани 18 проекти и сите се завршени.
ПРЕС24: Но, честопати за да се стаса до вакви средства од ЕУ потребни се сериозни и издржани проекти, што пак во Македонија некако како да недостасуваат. Како може да се мотивираат институциите, но и граѓанскиот сектор за да се охрабрат да пронајдат добра идеја која може да се реализира?
ПРЕНЏОВ: Кога станува збор за проекти за прекугранична соработка може да се каже дека веќе имаме изградени капацитети. За тоа зборува и самиот факт од над 80 отсто реализирани средства во првиот програмски период, додека само програмата за прекугранична соработка со Бугарија е реализирана со околу 95 насто. Тоа само по себе е добар пример и мотив за сите идни апликанти.
Втор мотивирачки аспект е обезбедувањето на средствата за национално кофинансирање од страна на Владата, која како што реков, партипицира со сопствени 15 отсто од вкупниот буџет на проектот. Со овој услов не мора сами да се справуваат невладините организации или пак другите апликанти, што значително ги зголемува шансите за поширока и поконкурентна понуда на проекти. Владата како кофинасиер е секогаш добар мотиватор и гарант за сигурноста на проектот.
Невладините организации и општините работат на проекти за прекугранична соработка уште во рамките на КАРДС Програмата на Европската Унија, која и претходеше на ИПА Програмата. За таа цел беа организирани многу обуки, а во рамките на секој јавен повик се организираат и информативни денови за сите потенцијални апликанти. Конкретно за повикот со Бугарија, деталите околу начинот на аплицирање и пронаоѓање на соодветен партнер, претставниците на Министерството за локална самоуправа ќе ги дискутираат на терен со сите заинтересирани страни на информативни денови кои ќе се реализираат во неколку градови во подобниот регион на територија на Република Македонија (три информативни денови) и територија на Р. Бугарија (два информативни денови), што во зналителна мера ќе им ги разјасни и олесни работите во пристапот на потенцијалните апликанти.
Дополнителна поддршка се и обуките кои се одвиваат континуирано, но сега веќе има можност нивото на знаење да се подигне на повисокониво со размена на добри практики и успешни проекти во други земји.
Она што е најважно е што процесот е појден, и со секој јавен повик е видлив напредок во однос на квалитетот на проектите и нивната имплементација. За пример би го посочил проектот реализиран во општина Василево, каде што е изградена детска градинка, кој е награден во Софија како најдобар проект.
ПРЕС24: Овие средства што се на раслопагање генерално се наменети за развој на прекуграничната соработка меѓу Македонија и Бугарија. Што станува со останатите соседни држави, соработката со Србија, косово, Албанија, Грција?
ПРЕНЏОВ: До 2020 година, во рамките на новиот програмски повик 2014-2020 година, Министерството за локална самоуправа ќе управува со околу 100 милиони евра за финансирање на проекти за прекугранична соработка во рамките на сите пет програми. Програмата со Бугарија, со Албанија, со Грција и со Косово, како и транснационалната Програма Балкан – Медитеран, во која се вклучени Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. Во фаза на подготовка е и Програмата за прекугранична соработка со Србија, за која дополнително ќе се определи обемот на средства. Тоа значи дека имаме дисперзирана регионална соработка што само ги згфолемува шансите за успех и ги оправдува доделените срдства и нивната намена.
За таа цел во наредниот програмски период до 2020 година, за петте програми стојат на располагање 45,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Грција и Макеоднија, 12 милиони евра меѓу Македонија и Албанија, 19,5 милиони евра меѓу Бугарија и Макеоднија, 8,5 милиони евра меѓу Македонија и Косово, и конечно 40 милиони евра за транснационалната програма Балкан - Медитеран (Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар) од кои пет милиони евра се наменети за земјите кориснички на ИПА Програмата (Македонија и Албанија).
ПРЕС24: Средствата од Европската Унија се особено значајни за регионалниот и локалниот развој во Македонија, но колку државата инвестира самостојно во слични вакви иницијативи. Во оваа програма со Бугарија има учество и државата. Постојат и разни програми на ниво на Влада за локален развој, но постојат ли иницијативи, можности за создавање еден вид општ фонд како базa, кој би се полнел од разни начини и од кој би се финансирале разни иницијативи за развој на локалните самуправи?
ПРЕНЏОВ: Во сите програми за прекугранична соработка, средствата за национално кофинансирање ги обезбедува Владата. Ова не е единствениот извор за финансирање на проекти за развој на општините. Министерството за локална самоуправа управува и со Програмата за рамномерен регионален развој преку која се финансираат регионални проекти. Станува збор за проекти во кои се вклучени повеќе општини од еден плански регион кои утврдиле заеднички интерес. Исто така, Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој, финансираат проекти за развој на селата, како и проекти за подрачјата со специфични развојни потреби. Во моментов е актуелен повикот за проекти за развој на селата. Во 2015 година, од оваа програма во општините се финансирани проекти во вкупна вредност од 150 милиони денари, а за идната година се планирани двојно повеќе, 300 милиони денари, што е навистина голем исчекор.
ПРЕС24: Како Вие како заменик министер за локална самуправа го оценувате развојот на општините во Македонија?
ПРЕНЏОВ: Денес, споредено со 2005 година, вкупните приходи на општините се зголемени за пет пати (во 2005 година имавме реализација на средства во апсолутен износ од 5,9 милијарди денари, во 2013 година тој број достигна 28,2 милијарди денари). Во истиот период, даночните приходи врз кои општината има автономија на наплатата (Сопствени извори на приходи на општината се локалните даноци, надоместоци и такси утврдени со закон, со кои самостојно располага. Општината се финансира и од дотации од државата и други извори на приходи, во согласност со закон, а има право и да се задолжува на домашниот и странскиот пазар на капитал, во согласност со закон.) се зголемени за повеќе од два пати.
Учеството на локалните даноци во БДП од 1% во 2006 година е зголемено на над 1,5% во 2013 година, што е конкретен доказ за успешните политики во овој домен кои ги применува Владата на Република Македонија.
Во текот на 2014 година и на среден рок се очекува општините да продолжат со трендот на подобрена наплата на сопствените приходи, зајакнување на капацитетите за развивање политики за финансирање на општините и јакнење на капацитетите за финансиско управување. Во периодот 2016-2018 година ќе се обезбедат дополнителни приходи за општините (од дотацијата од ДДВ, дел од закупнината на земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија, дел од надоместокот кој се наплаќа од издавање концесија за користење на водните ресурси за производство на електрична енергија).
ПРЕС24: Можен ли е локален, општински развој без поддршка од централната власт?
ПРЕНЏОВ: Локалниот развој е дел од интегрираниот развој на државата. Локалниот развој зависи од потенцијалите и ресурсите на локално ниво, но исто така е условен од мерките на Владата за привлекување на инвестиции, за распределба на средствата за капитални дотации и сл.
Станува збор за комплементарни политики на централно и на локално ниво кои што ќе дадат резултат. Од политиките и ангажирањата во овој домен се очекува да се постигне директно влијание на подобрувањето на животот на граѓаните во општините каде што живеат и работат. Владата преку своите политики работи на зголемување на можностите за вработување, што како резултат директно влијае на развојот на општините. Слично е и со изградбата на нови училишта, инфраструктура и сл.
Министерството за локална самоуправа финансира проекти за развој на селата и за подрачјата со специфични развојни потреби, а Владата кофинансира проекти за прекугранична соработка кои што се имплементираат во општините. Сето тоа зборува за синергија на ресурсите на централно и на локално ниво во прилог на развојот на општините и на државата. Всушност тоа е еден недделив мозаик на вкупната успешна приказна за Македонија кон која сите тежнееме.
ПРЕС24: Друг сериозан проблем е веројатно слабата, или речиси незначајната меѓуопштинска соработка. Зошто е тоа така, ако се знае и за пристап до европските фондови, но и во потрагата по инвеститори групирањето на неколку општини на пример е далеку полесен пат кој гарантира поголем успех за реализација на идеите?
ПРЕНЏОВ: Не би бил толку критичен и песимист. Во последните години има многу примери за меѓуопштинска соработка, а општините се мотивирани од реалните придобивки кои ги имаат. Уште во 2002 година, со донесувањето на Законот за локална самоуправа, се предвиде можноста за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Неопходно беше да се најде начин како малите и руралните општини, кои што имаат ограничени финансиски и човечки ресурси, да ги извршуваат надлежностите исто толку добро и квалитетно како поголемите и побогатите општини.
Република Македонија има едностепена локална самоуправа, односно, сите општини имаат еднакви надлежности. Од друга страна, постојат големи разлики меѓу општините по сите основи: територијални, демографски, во однос на развиеноста, финансиските потенцијали, како и административните ресурси.
Од друга страна пак, Законот за меѓуопштинска соработка е одговор на нашата реалност и се заснова на принципот на доброволност. Општините сами ги носат одлуките за тоа дали ќе соработуваат и во кои области, врз основа на сопствена проценка на потребите. Максимално се водеше сметка, во ниту еден член од Законот да не се доведе во прашање самостојноста на локалната самоуправа во носењето на одлуките. Со склучување на договори за меѓуопштинска соработка во одделни области, како на пример, собирање на даноци или пак заедничко јавно комунално претпријатие, општините испорачуваат услуги со многу помалку човечки и финансиски ресурси. Тоа е само пример дека општините сепак меѓусебно соработуваат и навистина можат да го репознаат бенефитот од взаемната соработка.
На тој план, првите три општини Василево, Босилово и Ново Село „го скршија мразот“ и веќе 10 години се пример за добра пракса на меѓуопштинска соработка во областа на урбанизмот, собирањето на даноци, инспекцискиот надзор и социјалната заштита. По нивниот пример, секојдневно се воспоставуваат нови партнерства. Големо влијание на овој процес има и поддршката од УНДП, обезбедена со средства од норвешката влада. Преку заеднички проект, Министерството за локлна самоуправа и финансиски ги поттикна општините на соработка. Проценка е дека 80% од општините во Република Македонија веќе имаат склучено договори со друга општина, најчесто во областа на социјалната заштита, собирањето на даноците, во комуналната сфера. Меѓуопштинската соработка станува особено актуелна во обезбедувањето на средства за финансирање на проекти од европските фондови, пред сé, за изградба на депонии за собирање на цврст отпад, како и други проекти од регионално значење. Интересот е тој кој што ќе ги натера општините во иднина се почесто да соработуваат и заеднички да ги решаваат проблемите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа