Груевски од Литванија: Една недела го чекаме Самарас но се уште се надеваме
Груевски се уште се надева на позитивен одговор од Самарас на писмото со кое го кани на директни и интензивни средби за изнаоѓање решение на спорот за името. Ова македонскиот премиер денеска го истакнал и на средбата со својот литвански колега во Вилнус, престолнината на земјата која од 1ви јули претседава со Советот на Европската Унија.
- Сеуште немаме одговор, помина една недела и се надевам дека наредните денови ќе добиеме позитивен одговор и ќе започнеме дијалог зашто без дијалог нема решение, изјави премиерот Груевски.
Груевски пред својот соговорник во Литванија ги потенцирал сите напори и заложби кои ги прави Македонија за да му се приклучи на евро-атланствското семејство. Истакнал дека единствена пречка за интеграцијата е спорот со Грција откако земјата ги исполни сите критериуми до 2008ма. Груевски потсетил и на пресудата од ХАГ со која се потврдува дека Македонија неправедно стои зад затворените порти на меѓународните ортганизации.
Меѓународното право е на наша страна, но ветото е на нивна. Ние се надеваме на дијалог но иамме чувство дека тие не се фокусирани на изнаоѓање решение, вели Груевски.
Литванскиот премиер во разговорите истакнал дека Литванија активно ја поддржува интеграцијата на Македонија и ги поздравил досегашните резултати и реформи.
Посетата на Груевски на Литванија, зермја со која Македонија нем а отворени билатерални прашања, доаѓа само неколку дена откако Вилнус го превзема претседателството во советот на ЕУ. Силната дипломатска активност периодов е особено важна знаејќи дека Македонија повторно остана без датум за преговори поради спорот со Грција. Во тој правец минатата недела беше и иницијативата на Груевски за ионтензивирање на разговорите со тврдокорниите грчки власти.