Дванаесет херои од Македонија го искачија највисокиот европски врв

Голема меѓународна планинарска експедиција во саботата го искачи највисокиот врв во Европа – Западен Елбрус (5.642 м.), на Кавказ, во Руската Федерација.

Експедицијата ја сочинувааѕ 43 планинари од 7 земји и тоа: Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Полска, Украина, Црна Гора. Дел од големата експедиција се и 13 македонски планинари во организација на скопското Планинарско – спортско друштво МАКПЕТРОЛ.

На Западен Елбрус успеаа да се искачат 39 планинари, од кои 12 Македонци.

Македонските херои кои се качија на највисокиот европски врв се: Ивана Николова, Илинка Ристевска, Горан Вуќиќ, Мишко Танески, Петар Ивановски, Влатко Крбалески, Александар Митев, Виктор Антовски, Тоше Велев (воедно и ајмладиот член на експедицијата, роден на 17 мај 1994 година), Дејан Атанасов, Душко Христов и Виктор Симовски.

 

најчитано сега