Македонски владин тим ќе лови инвестици во Париз

Владина делегација на чело со вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо денеска престојува во економска посета на Република Франција.

Македонската делегација во Париз ќе учествува на бизнис форум на кој ќе бидат презентирани поволностите и предностите за инвестирање во Република Македонија.

Во рамките на форумот владината делегација ќе одржи и индивидуални средби со стопанственици и претставници на неколку поголеми француски компании.

Форумот е организиран во соработка со УБИФРАНЦЕ - Француска агенција за меѓународен развој на бизнисот, основана од француското Министерство за економија, финансии и индустрија.

најчитано сега