Владата ги решава проблемите на терен - ќе се санира патната мрежа во Добри Дол
При посетата на општина Сопиште, премиерот Никола Груевски го посети и населеното место Добри Дол.
На средбата со премиерот, жителите побараа санација на улиците и патот, за што градоначалникот на Сопиште посочи дека за 12 дена ќе се изврши санација на патната мрежа во Добри Дол.
Исто така, беше посочен и проблем со водоводната мрежа, за што од ЈП Водовод на Град Скопје посочија дека ќе биде надминат проблемот, во фаза е тендерска постапка по што ќе биде интервенирано и ќе биде надминат проблемот најкасно до ноември.
Премиерот Груевски го посети и училишното игралиште во Добри Дол кое се гради со средства на општината и со што у;ениците ке добијаt нова спортска содрзина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа