Илиоски: За СДСМ најважно беше да се претстави дека Македонија не може да се справи со кризата

Заменик координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, на денешната единствена точка на дневен ред на седницата на Собрание кој се однесува на  одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија, им посочи на пратениците од СДСМ дека додека тие беа надвор од Собранието и се здружуваа со неколку невладини организации за да ја омаловажат Македонија и нејзините институции прикажувајќи ја како неспособна да се справи со кризата, птратениците и институциите секојдневни бараа начин да ја олеснат кризата која што ја несакајќи ја снајде Македонија.

-Ако апелирате да нема политички памфлети во целата оваа дискусија и ние исто апелираме, меѓутоа вие започнувате со тие политички памфлети и мора за волја на вистината да потсетиме дека место да сите ние, нарочито пратениците се потрудиме да сликата за оваа наша држава пред светот во најдобро можно позитивно светло дел од вас се уортачија со некои невладини организации. Уште на почетокот на кризата најважно беше да се омаловажи Република Македонија, да се омаловажат институциите на оваа држава и да се прикаже дека не сме способни со оваа криза. Значи точно е треба превенција, меѓутоа превенција на кризата ние не можеме да направиме бидејќи ние како држава ниту ја предизвикавме, ниту пак верувам дека можеме да ја решиме, меѓутоа можеме да се потрудиме транзитот на тие луѓе низ нашата држава да е максимално можно коректен за нив, а тоа гледајќи што прави МВР и МО и сите други институции кои што се вклучени во целата процедура исто така и голем дел на невладини организации кои што самоиницијативно се вклучени во помагање на мигрантите можам да заклучам дека државата успешно се справува со оваа криза и верувам дека и понатаму ќе продолжи на тој начин, посочи Илиоски.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа