ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Од понеделник температурен шок
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 30 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 17 и дневна до 34 степени.
Сончево и топло ќе се задржи и во сабота, додека во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник особено во западните и северните делови. Дневната температура ќе опадне за седум до 10 степени во однос на денешната.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа