Грижата продолжува: Груевски најави нови 46 градинки низ земјава

Во изминатиот период Владата на Република Македонија изгради 39 нови детски градинки.

Истите се распоредени во повеќе општини низ цела Македонија.

Премиерот Никола Груевски посочи дека пет од нив беа веќе пуштени во употреба оваа година, а уште 7 ќе бидат завршени до крајот на оваа година што значи дека до тој период 46 нови детски градинки ќе бидат пуштени во употреба.

-Од аспект на згрижување на деца, на возраст од 3 до 6 години, во минатото пред да почнат овие активности, нешто малку над 10 отсто од децата имаа можност да се згрижат во градинки. Сега веќе тој процент нарасна на приближно 40 отсто. Тоа за неколку години е значителен раст. Тоа е во духот на поддршка на семејствата во Македонија кои имаат деца и во духот на поддршка за подобрување на демографските движења во Македонија, истакна македонскиот премиер.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 15:26
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа