Облечете се топло - еве какво време не очекува утре

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места повторно ќе има обилни врнежи проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со електрични празнења. Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската темература ќе се спушти од 12 до 19, највисоката дневна ќе се искачи само од 15 до 22 степена.

Времето во Скопје утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 а дневната ќе достигне само до 20 степени.

Врнежи од дожд ќе има и во петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат. Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега