Министерство за транспорт: СДСМ ја користат и уметноста за да објавуваат лаги

Министерството за транспорт и врски остро реагира на лагите изнесени од СДСМ во врска со симањето на филмот на Француската продукција. 

Интегрален текст од реакцијата на Министерството за транспорт и врски

Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден доказ за шарлантната и несериозна политика што оваа партија ја спроведува во Република Македонија.

Очигледно на  СДСМ не им е грижа за граѓаните, па сега ја користат и уметноста да објавуваат лаги и невистини користејќи ја секоја ситуација за да дојдат до гласовите на граѓаните. На денешната прес конференција, господинот Бочварски изнесе еден куп лаги и невистини.

Прва лага што СДСМ ја објави е дека скопската обиколница е целосно затворена за сообраќај 37 дена. Според времениот режим обиколницата е затворена 16 работни дена и тоа во период од 07 часот до 19 часот, што значи дека од 19 часот па се до 07 наутро ќе може да се користи за сообраќај.

Втора лага што СДСМ ја соопшти е во врска со средствата што продукцијата ќе ги уплати за користење на автопатишата во Република Македонија во висина од 78 илјади евра. Не е точно  дека се 78 илјади евра,  се работи за два договори од околу 17, 5 милиони денари,  од кои 12, 7 милиони денари за договор што со ЈП за државни патишта го постигнаа како надосмест за затворање на патарините во деновите кога ќе се снима филмот и 4,8 милиони денари договор со ЈП Македонија пат за реконструкција на регионалниот пат Велес- Градско.

СДСМ заборавија на прес конференцијата да спомнат дека од снимањето на филмот во Македонија ќе се слеат дополнителни 2 милиони евра или една петина од вкупниот буџет на филмот.

СДСМ заборавија да спомнат дека при снимањето на филмот ќе се ангажираат околу 400 Македонци на кои ќе им биде платено да учествуваат во филмот.

Почитувани од СДСМ вака со лаги, невистини и манипулации не се доаѓа на власт. Довербата на граѓаните не се добива со лаги, се стекнува со работа и посветеност.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега