ФОТО: Целосно обновена улицата „Питу Гули“ во Охрид

Денеска беше предадена во употреба целосно реконструираната улица „Питу Гули“ во Охрид, чија обнова не значи само поставување нов асфалт на коловозот, туку и целосно уредување на тротоарите, како и  поврзување и одвојување на атмосферската од фекалната канализација.

– Завршивме уште еден значаен проект за Охрид, реконструирана улица “Питу Гули“,  еден од проектите  финансирани од Светска банка, кој започна во април оваа година. Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија за Охрид, опфаќа нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по целата должина. Особено значајно е што локалната самоуправа дополнително се ангажираше за поставување на сливници за одводнување на коловозната конструкција и изградба на  целосно нова комунална инфраструктура за споредните улици, со што во иднина ќе се одбегнат прекопи на коловозната конструкција, рeкол градоначалникот на град Охрид Никола Бакрачески

ohrid3

Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија во Охрид долга 768 метри со ширина на коловозот од 7,5 до девет метри се одвиваше во четири фази. Улицата е прекриена со два слоја со високо квалитетен асфалт  со  вкупна дебелина од десет сантиметри. Изградени се и тротоари на двете страни од улицата, широки 1,8 до 2,2 метри.

ohrid4

Проект финансиран со средства обезбедени преку кредит на Светска банка, се предвидени за реконструкција на неколку поважни сообраќајници низ градот и околните населби, изградба на два кружни текови на булеварот „Туристичка“, од кои оној на пресекот со улица „Бистрица“ веќе е завршен и функционален, како и за набавка на пет нови возила за потребите на ЈП „Охридски комуналец“.

ohrid5

Од Општина Охрид денеска беше најавен и почетокот на градежните работи околу изградбата на кружен тек на улицата „Стив Наумов“, како и на најфреквентното место во градот - крстосницата на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Македонски просветители“. 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега