Велес: Продолжува реконструкцијата на дотраената водоводна мрежа

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија Ѓорѓи Коџабашиев и директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски денеска извршија увид во работата на започнатата реконструкција на водоводната линија на улица „Орце Шутев“.

Должината на оваа водоводна линија изнесува 400 метри, а опфаќа повеке од 100 приклучока на домаќинства од оваа улица.

Како што информира градоначалникот Чадиев, Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“  континуирано работат на реконструкција на старата со нова водоводна мрежа, во интерес на подобро водоснабдување на граѓаните на Велес, пренесува МИА.

- Долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на градот и почестите дефекти кои за жал резултираа со прекин на снабдувањето со вода со овој зафат ќе бидат решени, истакна градоначалникот Чадиев.

Реализацијата на овој проект  со што целосно ќе се реши проблемот со веќе дотраените цевки, според најавите од Општина Велес треба да заврши до октомври. 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега