Вонредна временска прогноза: УХМР најавува многу дожд, град и силен ветер

Пороен дожд проследен со засилен ветер и пад на температурите за десетина степени, најавува за вечер и утре Управата за хидрометеоролошки работи.  

Влажната и нестабилна воздушна маса од Медитеранот што ќе ја зафати Македонија ќе предизвика изобилни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и над 30 литри на метар квадратен, особено во западните и југозападните делови од земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен југоисточен ветер. Метеоролозите предупредуваат и на можна појава на град.

Утре ќе има и значителен пад на температурите. Се очекува максималната температура да достигне до 22 степена. 

Врнежите од дожд ќе продолжат и в петок, но со послаб интензитет.

Од викендот следува период на стабилно и потопло време

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега