Жолт аларм: Македонија пред ново невреме

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди.

Кон крајот на денот прво во западните и во југозападните делови ќе има зголемување на облачноста со врнежи, кои локално ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје преку денот времето ќе биде променливо облачно, а во вечерните часови со врнежи, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во четврток ќе се задржи претежно облачно време со пообилни врнежи. Во попладневните часови се очекува врнежите постепено да престануваат. Ќе биде и  многу посвежо, со дневна температура од 15 до 22 степена.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега