Светци кои се празнуваат денеска - за многу години

Преподобен Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови. Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа. Манастирот на овие тројца браќа, со кои раководеше најстариот од нив авва Анубиј, го имаше следниов типик: ноќта ја поминуваа четири часа во ракоделие, четири часа во спиење и четири часа во псалмодија; од утрото до пладне времето го поминуваа наизменично во работа и молитва; од пладне до вечерната читаа, а потоа го јадеа единствениот оброк за 24 часа, што обично се состоеше од зелје. Секојдневно се смируваа еден пред друг. Така проживеа преподобниот Пимен до длабока старост и мирно се упокои во Господа.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега