Голем пожар беснее кај Штип

Во близина на градот Штип, на потегот меѓу Новакова чешма и Струмина чешма, над месноста Кумлак, гори борова шума и сува трева.

Според командирот на Територијалната противпожарна единица Благој Ренџов, пожарот е голем и зафаќа над 14 хектари борова шума и сува трева.

- Во моментов на терен се сите пожарникари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и во Дирекцијата за заштита и спасување. Го гаснеме пожарот за да не пристигне до околните викенд куќи, изјави Ренџов.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега