Груевски: Мораме да продолжиме директно на терен да се соочуваме со проблемите на луѓето

Македонија направи огромен напредок во овие 24 години на независност и сувереност, но потребна е уште многу работа.

Премиерот Никола Груевски денеска по повод Денот на независноста на Република Македонија, истакна дека мораме да останат фокусирани на континуирани реформи, и фокусирани на стратешките цели.

-Како влада тоа и ќе го правиме, но паралелно ќе останеме во директен контакт со народот. Одењето на терен и соочувањето со проблемите на луѓето, и нивно решавање во случаите кога е можно, ќе ја одржуваат бистра сликата за реалноста кај политичарите и функционерите кога се дизајнираат реформите. Мораме да продолжиме директно да се соочуваме со проблемите на луѓето, да ветуваме и да го реализираме нивно решавање. Независноста ни даде одврзани раце да бидеме свои на своето. Сами како држава и народ да ги носиме одлуките за нас. Сега, оваа наша држава, мораме на најдобар и најефикасен начин да ја модернизираме, зајакнуваме и континуирано да ја реформираме кон подобро. За доброто на народот, бидејки народот е државата, рече премиерот.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега