Темата околу легализација на марихуаната за медицински цели треба да биде опсежно проучена и јавно дебатирана
Деновиве се актуелизира и темата околу легализација на марихуаната за медицински цели, а премиерот Груевски го искажа својот став околу ова прашање.
-Мојот став по ова прашање е, дека општата легализацијата на марихуаната не треба да се прифати. Тоа би донело до лоши последици долгорочно. Истовремено, прашањето за увоз и пуштање во употреба со лекарски рецепт на лек кој е базиран на масло од канабис под строго регулирани услови, треба да биде опсежно проучено и јавно дебатирано, не од политичари или новинари или пак политички аналитичари, туку од лекари специјалисти во областите, фармацевти, доктори на науки и напредни научници исклучиво на стручна база, рече премиерот.
Потребно е темелно да се проучи зошто во некои држави во Европа и САД овие лекови се дозволени, а во некои не, и какви се нивните искуства, додаде тој, па дури потоа може да се заземе став по однос на овој вид медикаменти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа