Груевски: Знаењето е константа која носи успех

Премиерот Никола Груевски потенцираше дека времињата се менуваат, но во секое време, знаењето е константа која носи успех.

-Еве на пример, во февруари годинава стапи на сила новиот закон за администрација, кој за секој еден кој сака да се вработи во администрација, предвидува одредено ниво на познавање англиски јазик кое се докажува со меѓународна диплома која не може да се стекне никако поинаку освен со учење и знаење, и за секој еден кој ќе сака да се вработи во администрацијата ќе се следуваат неколку тестирања на знаењето, на психолошкиот профил и интегритетот и слично. Тестирањето е обмислено на начин што без знаење нема никаква шанса да се избори пласман во врвот на ранг листата. Повеќе нема да биде од помош ни припадноста на етничките заедници, затоа што и кандидатите од различни етнички заедници ќе се тестираат и рангираат на ист начин секој во својата група на етничка заедница. Да, ќе се примаат потребниот број на Македонци, или Албанци, или Турци, Роми, Власи, Бошњаци, ама ќе се вработат оние кои ќе имаат најдобри резултати на тестирањето. А тестирањата во живо ќе се пренесуваат на интернет на веб страната на институцијата, освоените бодови освен на компјутерот истовремено ќе се појават на голем семафор во просторијата од каде се гледаат во живо преку интернет, преку преносот на веб страната, на секој кандидат софтверот ќе му распредели различни прашања, од претходно објавен голем базен на прашања, истакна премиерот.

Како што додаде тој, не постои шанса за успех по заобиколен пат. Знаењето ќе биде единствениот критериум.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега