Груевски: Работиме на нови подобрувања на екстерното тестирање

Екстерното тестирање во училиштата се воведе откако во државата повеќе од една деценија и пол бевме сведоци на необјективно оценување кај огромен број наставници и ученици.

Причините за тоа се многубројни, потенцираше премиерот при своето обраќање, додавајќи дека коренот е во атмосферата која ја изгради транзицијата, рушењето на основните морални вредности, и појавата на новопечени богаташи кои преку ноќ се збогатија и недоволно посветеното време кон своите деца сакаа и почнаа да го заменуваат со притисоци кон наставниците да им пишуваат највисоки отцени на нивните деца независно какво е нивното знаење.

-Со тоа, постигнуваа краткорочно ефект на услуга кон нивните деца, покажување моќ и наводна грижа, а од друга страна несвесно создаваа паразити од нивните деца,луѓе со лоши животни навики пред се за добивање нешто без зааслуга туку по нечесен и заобиколен пат, и непријатности низ целиот нивен живот заради недоволното стекнато знаење. Не е трагедија ако некое дете има некоја четворка, тројка, двојка, па и единица некогаш, ако тоа е израз на реалноста и реално вложениот труд. Пониската оценка треба да е аларм за родителите да се посветат повеќе на детето во правец да му помогнат или на некој начин да го поттикнат повеќе да научи, а не аларм да бркаат врски и да вршат притисок на наставниците за да добијат незаслужени оценки. Пред некој ден случајно разговарав со еден пријател кој средното училиште го има завршено во Франција. Вели, завршив основно во клас во Македонија во кој од 30 ученици, 25 бевме со сите петки. Кога отидов во средно училиште во Франција, не растурија од  континуирано тестирање. Бев шокиран од континуираните тестирања. Потоа на факултет полагал и државен испит во Франција. Но, кога завршил, и почнал да оди на интервјуа за работа во познати мултинационални компании, тестирањата му биле рутина и лесно ги поминувал. А тука кај нас ми вели, се креваат протести и демонстрации за еднаш годишно тестирање на знаењето со цел да се врати времето на реално оценување. Јас знам дека екстерното тестирање не е совршено, и може да се подобрува. И ние и во изминатите години го подобрувавме, а и сега работиме на нови подобрувања, заклучи тој.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега