Груевски: Специјален обвинител треба да се избере како што е договорено, на Македонија доста и е од бојкоти

Договорот на 2ри јуни како и протоколот од 15ти јули  мора целосно и дословно да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24ти април 2016та, после кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава изборите. Доста и е на Македонија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната партија и пред народот и да признаат пораз.

Ова денеска го истакна премиерот додавајќи дека реформите кои ги договоривме мораме да ги завршиме на време и квалитетно. Државата со нив треба да се придвижи напред и да воведе повисоки стандарди воразлични области.

-Договорот за избор на специјален јавен обвинител треба да се реализира онака како што е договорен. Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број на стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурски, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки, истакна премиерот.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега