Груевски: Членството во ЕУ и НАТО е голем предизвик на Македонија

Денешниот  голем предизвик на Македонија, откако веќе ја доби независноста, е членството во ЕУ и НАТО, и надминувањето на проблемот кој го постави Грција а поврзан со нашето име и идентитет. Очигледно и за ова ни треба долга борба, овој пат политичка, и историски момент.

-Веќе 24 години нашиот сосед не оспорува. Во еден период ни имаше поставено и ембарго со затворање на границата во време кога ООН наложи затворање на северната граница. Издржавме многу предизвици на овој план, вклучувајки ја и успешната битка пред меѓународниот суд на правдата во Хаг пред 4 години. Веќе 7 години е блокиран нашиот влез во НАТО и 6 години се блокирани преговорите за влез во ЕУ. Многу негативни работи ќе беа избегнати, и многу побрзо ќе се движеше развојот и напредокот на државата ако тоа не се случеше, или ако небеше дозволено да се случи од сојузниците во овие организации, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека другите членки на НАТО и ЕУ, особно најмоќните треба да стават крај на оваа неправда што ни се случува и на оваа наша голгота.

-Ако не за друго, заради своите принципи за почитување на меѓународното право. Го разбирам и го почитувам принципот на солидарност, но кога земјата на која и се дава солидарноста е во право, и се додека нема одлука на меѓународен суд. Ние бевме и сме подготвени за раговор и компромис по ова прашање, но тој компромис неможе да ги поткопа темелите на кои се создаваше и градеше оваа држава.Се надевам дека нашиот јужен сосед наскоро ќе излезе од внатрешните проблеми кои неколку години го дефокусираа од ова прашање, и ќе отвори одлучен и искрен разговор за конечно негово затворање. Во меѓувреме членството во НАТО и во ЕУ остануваат на врвот на нашите приоритети, и попатно ќе продолжиме со реформите кои се во склад со принципите и вредностите во овие две организации.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега