Груевски: Сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода

Од 8ми септември 1991 година сме свои на своето! Сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода.

Ова денеска го истакна премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, говорејќи за значајноста на денешниот голем празник.

-Оттогаш па наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стремиме:ЕУ и НАТО. Поминавме низ многу предизвици и премрежија, но сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода. Македнија, со сите проблеми со кој се соочуваше, одеше напред, некогаш побрзо, некогаш побавно, но темелите се зацврстуваа, а куќата се надградуваше, рече тој.

Имавме успони и падови, залети и кризи, успеси и неуспеси, остварени и неостварени соништа, додаде Груевски, но државата се градеше и се движеше напред.Не секогаш исто и со посакуваната динамика, но зад нас се 24 години континуирана надградба на она што се оствари на 8ми септември 1991 година.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега