Груевски: 8-ми Септември е триумф на борбата и жртвите на сите претходни генерации

Осми септември е историски момент за Македонија, триумф на борбата и жртвите на сите претходни генерации. Триумф и на нашата генерација.

Премиерот Груевски денеска истакна дека од 8 септември сме свои на своето и дека оттогаш наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стремиме:ЕУ и НАТО.

-Јас лично бев студент во тоа време, само што бев наполнил 21 година, и одкога гласав во текот на денот, вечерта бев во толпата народ на плоштадот Македонија, каде го очекувавме објавувањето на резултатите од референдумот. Точно памтам на кој дел од плоштадот стоев и сликата од таа возбудлива вечер ја помнам како да била вчера. Одкога се соопштија резултатите и се случна еуфоричната радост, памтам дека прокоментирав: направивме своја држава. Да, почитувани присутни:свои на своето! Од 8ми септември 1991година сме свои на своето! Оттогаш па наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стрмиме:ЕУ и НАТО. Поминавме низ многу предизвици и премрежија, но сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода. Македнија, со сите проблеми со кој се соочуваше, одеше напред, некогаш побрзо, некогаш побавно, но темелите се зацврстуваа, а куќата се надградуваше, истакна премиерот.

Како што додаде тој, имавме успони и падови, залети и кризи, успеси и неуспеси, остварени и неостварени соништа, но државата се градеше и се движеше напред. Не секогаш исто и со посакуваната динамика, но зад нас се 24 години континуирана надградба на она што се оствари на 8ми септември 1991 година.

Оттука на овој ден, треба да ги спомнеме имињата на луѓето кои во 1991та ризикуваа и успееја. На Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски, како претседател и подпретседател на Република Македонија, Стојан Андов како претседател на парламентот, Никола Кљусев како премиер на владата, подпретседателите и министритево таа влада, од кој еден од нив, министрот за внатрешни работи Јордан Мијалков, обавувајки ја својата високо ризична задача во тој период го загуби и неговиот живот. Понатаму, сите пратеници во парламентот во тоа време, како и полтичките партии кои партиципираа во парламентот, меѓу кои најбројна беше ВМРО-ДПМНЕ, втора најбројна СДСМ, партијата ПДП, социјалистичката партија на Македонија, Либералната партија како и другите политички партии кои имаа свои преставници во парламентот.  Но пред се, и над сите нив, е народот, неговата решителност и одлучност да ризикува и да гласа за тоа што и тој, и неговите предци со генерации посакувале и се бореле, слободна, суверена и независна Република Македонија. Тоа беа денови на неизвесност, на опасности од нови окупации и војни, денови кога секојдневно се шпекулираше дека може да бидеме нападнати и окупирани, а политичките предводници ликвидирани. Имајки во обзир какви војни беснееја низ поранешната југословенска федерација, шпекулациите не беа неосновани, изјави премиерот.

Тој додаде дека Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, власите и останатите, одлучно излегоа на референдумот и гласаа, и за тоа треба да им се честита.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега