Во Тетово и Велес се одбележа Денот на независнота на Македонија

Со полагање цвеќе пред споменикот на револуцијата во центарот на Тетово од повеќе претставници на разни институции, политички партии и здруженија на граѓани денеска беше одбележан 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија. Организатор на одбележувањето беше општинската организација на Сојузот на борците од Тетово.Меѓу делегациите што го чествуваа денешниот празник беа и претставниците на општина Тетово, гарнизонот на АРМ, здруженија на борци, резервните офицери, воените инвалиди, Одборот на бранители на Македонија, бранителските здруженија Херои на Македонија и Бедем, здружението на Срби и Македонци -Бранко Чајка, друштвата за македонско-руско и македонско-хрватско пријателство, како и дел од општинските раководства на партиите ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО НП од Тетово.

И во Велес се одбележа Денот на независноста.  Во организација на Општина Велес денеска на Спомен-костурницата од НОВ беше одбележан празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Р.Македонија.

 Во чест на загинатите борци букети цвеќе положија делегации на Општина Велес, АРМ, Сојузот на борците од НОВ, политички партии, јавни институции, здруженија и граѓани.
 Петре Саздов, член на Советот на Општина Велес и претставник на делагацијата на локалната самоуправа, во изјава за медиумите потенцира дека е чест и задоволство да се биде на Спомен костурницата и да се чествува празникот 8 септември-Денот на независноста на Македонија.
 
- Тоа е стремежот на плејадата генерации кои ги дадоа животите и пролејаа крв за ние денеска слободно го празнуваме овој ден, потенцира Саздов
 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега